ПЈР Македонија Посебен фокус: Реформа на социјалната помош Додека расходите за социјална заштита во Поранешна Југословенска Република Македонија се ралативно високи, расходите за прогррамите за соијална помош со цел намалување на сиромаштијата се ниски и расцепкани низ повеќе програми. Исто така, трошењата во последниот период се насочени кон програми што не зависат од имотната состојба, како родителскиот додаток, во контекст во кој нивото на сиромаштија е релативно високо, а можностите за генерирање приходи кај сиромашните и понатаму се оскудни што го покренува прашањето за ефикасноста на распоредувањето на средствата. Покриеноста и нивото на правата кај социјалната парична помош, најдобро таргетираната програма, и понатаму е ниско, а недостасува и поттик за корисниците на социјална помош да прифаќаат вработување. Јазовите во опфатот со програмите кои оставаат многу домаќинства заглавени во сиромаштија ќе треба да се разрешат преку реформи. И додека расходидите за социјалнa заштита на ПЈР Македонија се релативно високи, сепак не успеваат ефективно да се справат со сиромаштијата Вкупните расходи на ПЈР Македонија за социјална заштита, вклучувајќи ги социјалното осигурување, социјалната помош и програмите на пазарот на трудот, се релативно високи во споредба со другите земји од Западен Балкан, на околу 14 проценти од БДП, но програмите за намалување на сиромаштијата се најниски во регионот. Додека пензиските расходи (за старосни, инвалидски и семејни пензии), со над 10 проценти од БДП претставуваат најголем дел од вкупните расходи за социјална заштита, расходите за социјална помош – парични трансфери што се доделуваат врз основа на законите за социјална заштита и за детска заштита – во износ од 1,2 проценти од БДП. Тоа е меѓу најниските во регионот и под просечното ниво на расходи за социјална заштита во земјите од Европа и Централна Азија, ке изнесува 2,2 проценти од БДП. Слика 1: Расходи за програми за социјална помош, 2005-16 година, Слика 2: Расходи за социјална помош што зависи од проценти од БДП приходите наспроти категориска социјална помош, % од БДП Друга социјална помош Не зависат од приходите Зависат од приходите Пензии за воени ветерани Вкупни расходи за СП Права поврзани со инвалидитет Детски додаток, родителски додаток и еднократна помош за новородени деца СПП, вклучувајќи еднократна парична помош и енергетски субвенции Извор: Министерство за труд и социјална политика Иако расходите за социјална помош од 2008 година наваму се во пораст, најголем дел од растот е резултат на категориските, а не на добро таргетираните права (Слика 1 и 2). Бројот на домаќинства што добиваат социјална парична помош (СПП) и постојана парична помош (ППП) – кои претставуваат единствени конкретни програми за намалување на сиромаштијат- се намали за повеќе од половина во последните десет години, заради нискиот ценсус и како резултат на тоа расходите за СПП/ППП паднаа од 0,6 проценти од БДП во 2005 година на 0,2 проценти од БДП во 2016. СПП зависи од имотната состојба и е наменета за работоспособни лица што не можат да го достигнат минимумот за егзистенција (утврден во 2016 година на ниво од 2.831 денар месечно или под 30 проценти од нето минималната плата). Овој износ се зголемува за коефициент 0,37 за секој дополнителен член на домаќинството, но не повеќе од пет члена. Овој надоместок што е всушност гарантиран минимален приход (ГМП), ја покрива разликата помеѓу минималниот износ за егзистенција и вкупните приходи на домаќинството. По три години овој износ се преполовува. ППП е наменет за поединци под границата на сиромаштијата што не се способни за работа. И програмата за детски додаток (ДД) се намалуваше во истиот период, како во поглед на опфатот така и на буџетот (од 0,09 проценти од БДП на помалку од 0,02 проценти од БДП). Истовремено, категориските надоместоци се зголемија како резултат на воведувањето на родителскиот додаток (РД) во 2009 година. Овој надоместок им се дава на мајките што родиле трето дете. Во споредба со другите програми за социјална помош, нивото на надоместокот за РД е многу високо со 8.362 денари месечно и се дава додека третото дете достигне возраст од 10 години. До 2016 година, со оваа програма се опфатени 23.500 лица, а расходите се во износ од 0.4 проценти од БДП. Високата релативна стапка на сиромаштија на ПЈР Македонија од 22 проценти во 2016 година 1, заедно со ограничените можности за остварување приходи достапни за сиромашните и ранливите не бараат драматичен премин од програми што зависат од имотната состојба кон програми што не зависат од имотната состојба. И покрај намалувањето на сиромаштијата во периодот по кризата и подобрувањето на животните услови на сиромашните, нивото на сиромаштија и на нееднаквост и понатаму е високо во споредба со споредбените земји во регионот и со повеќето земји на ЕУ (откако ќе се земе предвид нивото на економски развој). Програмите за намалување на сиромаштијата се добро таргетирани, но покриеноста останува мала Програмите за социјална заштита покриваат само една третина од насиромашниот квинтил . Овој резултат е уште позагрижувачки ако се земе предвид дека најдолниот квинтил го опфаќа најсиромашното население во ПЈР Македонија. Опфатот со социјална помош на најдолниот квинтил се зголеми од 27,2 проценти во 2010 на 33,9 проценти во 2016 година како резултат на зголемениот опфат со надоместоците за семејна и за детска заштита. Меѓутоа, тоа е слабо во споредба со споредбените земји во регионот кои со слично или многу помало ниво на расходи за социјална помош постигнуваат повисок опфат од ПЈР Македонија – овој опфат на најсиромашниот квинтил постигна ниво од скоро 70 проценти во Бугарија, 80 проценти во Летонија и 90 проценти во Романија. Опфатот со социјална помош што зависи од имотната состојба (СПП и ППП) во најдолниот квинтил е уште понизок. Само 19,3 проценти од луѓето во најсиромашниот квинтил добиваат СПП/ППП што укажува на тоа дека многу домаќинства со ниски приходи не се опфатени. Опфатот со СПП/ППП е доста низок во споредба со сличните програми за крајна можност во Албанија, Ерменија и во Косово, но е на исто ниво со други слични програми во регионот (Слика 3). Слика 3: Социјална помош за крајна можност: опфат на Слика 4: Социјална помош за крајна можност– најсиромашниот квинтил, %, 2016 или последна година проценти од надоместокот што ги добил за која има податоци најсиромашниот квинтил Извор: База на податоци за расходите за социјална заштита и за оценка на Европа и Централна Азија (ЕЦА) (СПееД), Светска банка Социјалната помош што зависаи од имотната состојба е добро таргетирана и повеќе од 70 проценти од трансферите одат во најсиромашниот квинтил (Слика 4). Исто така, покриеноста со надоместок за најсиромашниот квинтил се подобри од 57,8 проценти во 2012 на 70,3 проценти во 2016 година.Точноста на таргетирањето доста добро стои во споредба со споредбените земји во регионот. Факт е дека прелевањето на трансферите за социјална помош кон најбогатиот квинтил (1,4 проценти од сите надоместоци) е меѓу најниските во регионот. Точноста на таргетирањето се отсликува и во фактот дека појавата на прелевање кон најбогатиот квинтил е ниска кај сите програми за социјална помош освен кај правата што произлегуваат од инвалидитет. Сиромаштијата во ПЈР Македонија би била многу повисока доколку не би постоеле социјалните трансфери. Симулираното влијание на прекинувањето на одредена програма или комбинација на програми за социјални трансфери покажува дека во отсуство на сите социјални трансфери сиромаштијата би била повеќе од двојно поголема, достигнувајќи 41 процент. Ако би се укинале старосните пензии, стапката на сиромаштија би пораснала на 38 проценти. Од друга страна, отсуството на било која од програмите за социјална помош не би имало значително влијание врз сиромаштијата. Укинувањето на надоместоците за социјална и за детска заштита би имало само ограничено влијание (зголемување на сиромаштијата на 22,9 проценти), но тоа е резултат на малите буџетски средства што се алоцираат за овие програми. Меѓутоа, меѓу анализираните социјални трансфери, програмата за СПП изгледа дека е најрентабилна. За секој денар потрошен на СПП, јазот на сиромаштијата се намалува за 0,6 денари. Надоместоците за заштита на децата и на семејствата (не вклучувајќи ги инвалиднините) се следни во поглед на рентабилноста. Еден денар потрошен на овие програми го намалува јазот на сиромаштијата за 0,5 денари. Другите програми, вклучувајќи ги старосните пензии, покажуваат значително пониски стапки на рентабилност. Најнеефикасни трансфери се стипендиите. 1Исто така се нарекува и стапка на ризик од сиромаштија која го покажува уделот на населението под 60 проценти од средниот приход на домаќинство по еквивалент на возрасно лице. Подобрување на ефикасноста на социјалната помош во ПЈР Македонија Владата на ПЈР Македонија е свесна за недоследностите во системот за социјална помош и е посветена на спроведувањето сеопфатни реформи. Главната цел на реформите во системот за социјална заштита би требало да биде зголемување на ефективноста и ефикасноста на системот, преку реформи како на таргетираните така и на категориските социјални надоместоци Во рамките на овој процес, владата би можела да ги земе предвид следните реформи коишто нема да имаат влијание врз буџетот: • Укинување на програмата за родителски додаток која е најмалку ефикасна, а најдарежлива од сите програми за социјална помош. Тоа би можело да донесе заштеди на долг рок и да овозможи пренасочување на ресурсите кон програми што се таргетирани кон сиромашните. • Проширување на опфатот на сиромашните одржувајќи добро таргетирање преку нова шема за ГМП со која би се консолидирале повеќе постоечки програми за социјална помош, би се вовела подобра скала за еквивалентност и би се зголемил прагот за квалификување за надоместоците како и нивниот износ. Нивото на поддршката би било еднакво на разликата помеѓу приходите на домаќинството и утврдениот праг. Износот на надоместоците би требало редовно да се прилагодува за да ги отслика промените на трошоците на живот. Со тоа би се понудила сеопфатна мрежа за социјална заштита за сиромашните, без разлика на нивниот статус на пазарот на трудот или на нивната возраст. Како директен финансиски поттик за работа, би можело да се воведе одредени приходи да не се земат предвид како и плафон на кумулација на надоместоците. Прагот на ГМП за четиричлено семејство не треба да биде понизок од 40 проценти од минималната плата. • Проценката на квалификувањето за реформираните парични надоместоци би можела да биде според истите правила како за програмата за ГМП иако прагот за квалификување треба да биде утврден на повисоко ниво отколку во програмата за ГМП и треба да се иницира преку единствена постапка за аплицирање. Квалификувањето не треба да биде поврзано со вработување. • Постојниот систем за проценка на инвалидноста би можел да се поедностави така што потенцијалните корисници не би требало да минуваат низ повеќе различни медицински проверки за секој надоместок за инвалидност, туку во исто време би можел да се комбинира единствен надоместок за инвалидност со различни нивоа на поддршка врз основа на посебните потреби што ги имаат. Овој надоместок за инвалидност не треба да зависи од имотната состојба.