ПЈР Македонија Посебен осврт: Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи ПЈР Македонија одржуваше ниски даночни стапки и нудеше даночни стимулирања за привлекување странски директни инвестиции (СДИ), но тоа имаше голема фискална цена. Приходите на владата како удел во БДП, особено од директните даноци, се многу пониски отколку во другите европски земји и континуирано се намалуваат. Рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи би можело да ги зголеми приходите и да ја подобри еднаквоста. Се препорачува и разгледување на ослободувањата кај данокот на добивка и кај данокот на додадена вредност со зајакнување на ефикасноста на наплатата на даноците. ПЈР Македонија прибира малку даноци Приходите на владата, како удел во БДП, не само што се меѓу најниските во Европа, туку и се намалуваа во последните 10 години. Во 2017 година тие беа само 31 процент од БДП; просекот на Европската Унија (ЕУ) е 45 проценти (Слика 1) додека во земјите од Западен Балкан, помалку прибираат само Албанија и Косово. Стапката на персоналниот данок од доход (ПДД) во земјата е една од најниските во Европа (Табела 1). Од 2006 па се до 2017 година, вкупните приходи на општата влада се намалиле за над 3 процентни поени од БДП (Слика 2). Иако ова намалување е резултат на различни фактори, ослободувањата од данокот на додадена вредност (ДДВ) и од придонесите за социјално осигурување (ПСО) имаа најголем удел во него. Слика 1: Приходи на општа влада, проценти од БДП, Слика 2: Промени во приходите на општата влада, 2016 година 2006-2017, процентни поени од БДП Данок на имот Просек на ЕУ28 Данок на добивка Акцизи Просек на ЗБ6 Персонален данок на доход, Други даноци ДДВ Други приходи Увозни давачки Придонеси Даноци Вкупни приходи Извор: ЕУРОСТАТ, Министерство за финансии Јавните приходи се намалуваа главно поради две причини: (1) се намалија стапките на персоналниот данок од доход и на ПСО и (2) беа воведени ослободувања, вклучително и за странските инвеститори. Овие промени за привлекување на инвеститорите и за промовирање на формалното регистрирање на неформалните активности имаа различно влијание. Земјата имаше успех во намалувањето на невработеноста и на сиромаштијата со ограничувањето на влијанието на светска криза врз растот преку привлекување СДИ во една континентална земја. Меѓутоа, регионалните споредбени земји како Србија и Црна Гора, со 68 односно 113 проценти од БДП во акумулирани СДИ, сепак ја надминаа ПЈР Македонија која во СДИ сега има акумулирано 49 проценти од БДП. Исто така, овие ослободувања ја намалија даночната основа и создадоа нееднаков терен за работа на бизнисите. Конечно, неформалниот сектор остана на исто ниво со 30 проценти од БДП. Табела 1. Даночни стапки во ПЈР Македонија и во споредбени земји во Европа, најнов достапен процент МКД АЛБ БИХ СРБ ЦГ БГР ХРВ ЕСТ ЛАТ ЛИТ СВК СЛО Данок на добивка 10 15 10 15 9 10 20 20 15 15 21 19 Персонален данок од доход 10 23 10 15 11 10 36 20 23 15 25 50 Данок на додадена 18 20 17 20 21 20 25 20 21 21 20 22 вредност Стапка на придонесите за 27 24,5 42 37,8 33,8 32,4 37,2 35,4 34,09 41,98 48,6 38,2 социјално осигурување Извор: Националните законодавства. Помалите дисторзии и поголемата прогресивност на даноците на приходи би ги поттикнале приходите и еднаквоста Бидејќи имаат мал придонес во приходите, ПЈР Македонија има простор за зголемување на нејзините директни даноци. Персоналниот данок од доход, данокот на добивка и даноците на имот, во 2017 година, заедно сочинуваа 4,5 проценти од БДП што е значително помалку отколку во споредбените европски земји. Нешто повеќе од половината (2,4 проценти од БДП) доаѓаше од ПДД, наспроти просечните 3,7 проценти во Западен Балкан и 9 проценти во ЕУ28 (Слика 3). Слика 3: Приходи од директни даноци и од ПДД, Одбитоците и ослободувањата за конкретни видови проценти од БДП приходи се доминантни, регресивни и скапи. Како и други земји, ПЈР Македонија ги наплаќа своите приходи од Просечни директни даноци во ЕУ28 платите, пензиите, деловната активност и услугите, од Директни ПДД капиталните приходи, приходите од капитални добивки и даноци од приходите на имот. Меѓутоа има бројни ослободувања. Просек на ПДД во ЕУ28 Даночната основица за капиталните добивки е 70 проценти, но добивката од продажба на недвижен имот се оданочува по намалена основица или е ослободена ако продавачот одредено време живеел во недвижноста. Продажбата на хартии од вредност е ослободена од данок. Приходите од имот и имотни права имаат одбиток од 30 проценти за трошоци за одржување и за управување, бруто приходите од авторски права и од Извор: Националните власти и пресметки на персоналот на права на индустриска сопственост имаат одбиток од 25-60 Светска банка. проценти, земјоделските приходи до 80 проценти, а Забелешки: ЕУ15 се членките што се придружиле пред 2004 приходите од е-трговија имаат одбиток од 35 проценти. година. Некои трошоци поврзани со вработувањето, наградите и стипендиите, алиментацијата, донациите на квалификувани установи, одредени видови приходи од камата (депозити, државни обврзници) се целосно ослободени од данок, како и платите на фирмите во технолошко индустриските развојни зони во траење до 10 години. Ако земјата сака да ја прошири даночната основа за да ги зголеми приходите, таа мора да ги преиспита причините за секое ослободување и за секој одбиток. Овогодишното завршување на ослободувањето од данок на продажбата на хартии од вредност е во согласност со најдобрите меѓународни практики; намалувањето на ослободувањата од данок на капиталните приходи и на приходите од имот би можело да биде следно на ред за разгледување. Со тоа би се подобрила и прогресивноста на системот бидејќи капиталните приходи се во огромен дел концентрирани на врвот од дистрибуцијата на приходите: тие претставуваат 34 проценти од приходите на најбогатите, а само 2,5 проценти од приходите на сиромашните. Зголемувањето на прогресивноста на ПДД би резултирало со прибирање на поголем дел од приходите од богатите отколку од сиромашните. Постојниот систем на ПДД во ПЈР Македонија има рамна даночна стапка од 10 проценти за сите приходни групи и има многу мала прогресивност1. Со оглед на тоа дека 98 проценти од даночните обврзници заработуваат помалку од 720.000 денари, релативно високиот праг на приходи би донел придобивки како во делот на приходите така и во еднаквоста; понискиот праг брзо би го зголемил бројот на даночни обврзници што би биле предмет на оданочување со горната маригнална даночна стапка (Слика 4). Комбинирањето на повисока маргинална даночна стапка од 18 проценти над висок праг, со проширување на основата за оданочување на капиталните приходи и скромно зголемување на стандардното лично ослободување би донело приходи од 0,35 проценти од БДП. Комбинираната мерка би ги зголемила даночните приходи и прогресивноста на системот на персоналниот данок од доход. На Сликата 5 се прикажани проценките за зголемувањето на приходите од воведувањето праг на приходи со повеќе сценарија за даночната основа под претпоставка дека повисоката даночна стапка од 18 проценти се применува на приходите над 720.000 денари (1.000 евра месечно), 20 процентно намалување на дозволените одбитоци на оданочувањето на капиталните приходи и зголемување на стандардното лично ослободување на 96.000 денари. 1 Податоците од Управата за јавни приходи за 2015 година покажуваат дека личното даночно ослободување од 90.000 денари (1.450 евра) ја зголемува ефективната стапка на ПДД од 4% кај лицата со ниски приходи до 7% кај лицата со највисоки приходи. Слика 4: Дистрибуција на обврзниците за ПДД (2017) Слика 5: Симулирани зголемувања на даночните приходи од реформата на ПДД Дистрибуција на приходите што се оданочуваат Симулирани зголемувања на приходите (најголема МДС 18%) Без промени на даночната основа 20% намалување на одбитоците кај капиталните приходи Зголемување на личното ослободување Промена на основицата за приходите од труд иод на 96.000 капитал Праг за повисока МДС (илјади денари) Приходи што се оданочуваат (илјади денари) Извор: Административни податоци од даночните пријави од УЈП Извори: Административни податоци од даночните пријави од Министерството за финансии Зголемувањето на даночното оптоварување за оние што најмногу заработуваат најверојатно нема да ги зголеми трошоците за наплата на даноците. Намалувањето на приходите поради помалата мотивација за работа како резултат на зголемената највисока маргинална даночна стапка веројатно ќе биде ниско до умерено бидејќи приходот од плата сочинува 65 проценти од приходите на горните 2% од приходните групи. Меѓутоа, изворите на приходи што тешко се следат, посебно кај најбогатите даночни обврзници може да бараат дополнителни напори за да се ограничи евазијата и избегнувањето. Дури и со зголемена прогресивност, ПЈР Македонија и понатаму ќе биде една од земјите со најнизок персонален данок од доход во Европа. Прашања може да се поставуваат на: smadzarevic@worldbank.org, bshimbov@worldbank.org, mmantovanelli@worldbank.org