98220 Намалете жештината ја Соочување со новата климатска нормала КЛИМАТСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ЗАПАДНИОТ БАЛКАН АЛБАНИЈА  БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА  КОСОВО  МАКЕДОНИЈА ЦРНА ГОРА СРБИЈА ГРУПАЦИЈА СВЕТСКА БАНКА ОДИМЕ КОН МНОГУ ПОСУРОВА КЛИМА Во отрезнувачкиот извештај Намалете ја жештината: Соочување со новата климатска нормала се документира дека ако не се преземат никакви понатамошни активности, постојат 40% шанси за надминување на затоплувањето од 4° Целзиусови (С) пред 2100 година – за време на животот на нашите деца и внуци. Во него се дава застрашувачка слика за она како би изгледал светот. Кога временските екстреми ќе станат новата нормала и ќе се зголемат ризиците од поплави и за сигурноста на водоснабдувањето и на снабдувањето со енергија, секој ќе го почувствува влијанието – особено сиромашните. Подготвен во соработка со Потсдамскиот Институт за истражување на климатските влијанија и објавен од Светска банка во ноември 2014 година, во овој извештај се разгледуваат најновите научни докази за ризиците од климатските промени по развојот. Трет во серијата Намалете ја жештината, во овој извештај се истражуваат климатските сценарија во три региони, Латинска Америка и Кариби, Блискиот Исток и Северна Африка и Европа и Централна Азија, вклучувајќи ги и перспективите и импликациите по Западен Балкан во тој предизвикувачки климатски режим. Но, добрата вест е дека оваа иднина не мора да биде нашата судбина. Постојат решенија. Прво мора да се прифати реалноста што ни кажуваат научниците и вистински да разбереме дека сме последната генерација што може да ја спаси планетата. Тоа ќе бара заеднички напори и промени во секој аспект на човековиот живот – значителни технолошки, економски, институционални и промени на однесувањето. И најмногу од се, тоа ќе бара лидерство на секое ниво на општеството. 1 СООЧУВАЊЕ СО НОВАТА КЛИМАТСКА НОРМАЛА РЕАЛНОСТА ДЕНЕС ИДНИНАТА НА СВЕТОТ - 4°C И РАСТЕ Временските екстреми веќе ги погодуваат луѓето насекаде, оштетувајќи Сведоци сме на климатски промени предизвикани од човекот со стапка ги посевите и крајбрежјата и ризикувајќи ја живеачката. што не е забележана во човечката историја. И покрај досегашните напори, глобалните емисии на стакленички гасови продолжуваат да растат без • Светот веќе е 0,8°С потопол од времето пред индустријализацијата прекин. Научниците и истражувачите заклучиле дека со „досегашниот со забележани климатски влијанија како што е зголемување на нивото принцип на работа“ пред 2100 година ќе стигнеме до нов климатски на морињата (до 19 сантиметри во периодот од 1901 до 2010 година), режим – 4°C или дури и повеќе со алармантни последици: исчезнување на глечерите и сè почести екстремни временски настани; • Загубите од екстремните временски настани се зголемија од • Почести незабележани топлински екстреми; 50 милијарди УСД годишно во осумдесеттите години од ХХ век • Промени во моделите на врнежи што ќе влијаат врз достапноста на нешто помалку од 200 милиони УСД во последната деценија; на вода; • Затоплување од скоро 1,5°С во однос на времето пред • Намалени приноси на земјоделските култури што ќе резултираат индустријализацијата веќе е вградено во климатскиот систем на со зголемени проблеми со достапноста на храната; земјата поради поранешните и проектираните емисии на стакленички • Забрзано губење на биодиверзитетот и истребување на видови; гасови (како што се јаглеродниот диоксид и метанот). Тоа значи • Можности за закиселување на океаните што ќе влијае врз морските дека влијанијата на климатските промени како што се топлинските екосистеми, рибниците и туризмот; бранови, сушите, луњите и другите временски екстреми може да станат неизбежни; • Продолжување на зголемувањето на морското ниво со векови, со можно зголемување за два метри за секој степен на затоплување; • За да ги истакнат овие податоци, научниците објавија дека 2014 година беше најтоплата откако постојат податоци. • Откачување на големи парчиња мраз во Западниот Антарктик што би предизвикало ненадејно зголемување на морското ниво; • Јаглеродните апсорбери на јаглеродот како шумите постојано смрзнатите области што го задржуваат метанот стануваат емитери на стакленички гасови што би можело да биде катастрофален пресврт за климата на планетата. 2 3 КЛИМАТСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НАДМИНУВАЊЕ НА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ПРЕДИЗВИКОТ ОД Доминацијата на ненаводнуваното земјоделство во Западен Балкан го КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ прави земјоделскиот сектор особено ранлив на промената на моделите на врнежите и на зголемените температури. Климатските екстреми со свет потопол за 4°C на Западен Балкан би му донеле големи ризици Сценариото со затоплување за 4°C или повеќе не мора да биде иднината не само во земјоделството туку и во сигурноста на енергијата и на на Западниот Балкан или на светот. Со заеднички напори можеме да ја населението, вклучувајќи: намалиме топлината. Многу од најлошите проектирани климатски влијанија наведени во „Намалете ја жештината“ би можеле да се избегнат со • Западниот Балкан се истакнува како една од жешките точки на ограничување на затоплувањето под 2°C. Во меѓувреме мора да се удвојат затоплувањето на земјата со почести топлински бранови што напорите за градење отпорност и за управување со ризиците за да се ескалираат до дури 80% во летните месеци во свет кој е за 4°C потопол. справи со веќе неизбежните климатски промени во претстојните децении. • Средната просечна летна температура во Западниот Балкан Земјите во Западен Балкан веќе преземаат активности во тој поглед, би можела да се покачи за 7,5°C во споредба со времето пред вклучувајќи и преку соработка со повеќе развојни партнери.Во оваа индустријализацијата. Со затоплувањето на климата, малите брошура се нагласуваат некои примери на поддршка од Групацијата глечери во регионот ќе ги снема во рок од неколку децении. Светска банка за климатски активности. Тие опфаќаат справување со • Со затоплување за 4°C, врнежите се проектира да се намалат ризиците за водните ресурси и за земјоделството и искористување на за 20 – 30%. можностите за енергетска ефикасност и за модернизација на • Зголемената појава (за 20%) на сушни денови ќе биде најголема инфраструктурата за почист, поефикасен и конкурентен раст. закана за земјоделството. Меѓутоа, наодите во „Намалете ја жештината“ ни кажуваат дека е • Достапноста на водата во лето се очекува да се намали во текот на потребно да се вложат големи напори за Западен Балкан целосно да го векот. Годишниот проток на реките со 2100 година, во свет потопол надмине предизвикот на климатските промени. Денешните одлуки за за 4°C би можел да се намали за повеќе од 45%. инвестиции во голем дел ќе ја обликуваат идната ранливост на регионот • Се зголемува да се зголемат ризиците од летни и зимски поплави, од климата и неговата јаглеродна интензивност. Многу прашања, особено особено по течението на реките Дунав, Сава и Тиса. оние поврзани со капацитетот за прилагодување, управувањето со водните • Како резултат на зголемувањето на температурите, до 2050 година, ресурси или со енергетската инфраструктура, имаат силни регионални приносите на земјоделските култури само во Република димензии – особено имајќи ги предвид географските и економските врски. Македонија би можеле за 50%. Предизвикот за земјите од Западен Балкан ќе биде да ги искористат своите активности на национално ниво во заеднички регионален пристап кон • Хидроенергијата која игра важна улога во снабдувањето на регионот климатските промени. со електрична енергија ќе биде загрозена. На пример во Албанија, годишното производство на големите хидроелектрични централи би можело да се намали за 15%, а на малите за 20%. • Со затоплувањето на климата ќе се зголемат здравствените ризици со зголемени закани од денга. Морталитетот поврзан со топлината ќе се зголеми за 20% до 1.000 лица на еден милион жители. 4 5 ИСКОРИСТУВАЊЕ НА АЛБАНСКИТЕ ШУМИ ЗА КЛИМА И ДОБИВКА Повеќе дрвја значат повеќе пати за Албанија. Албанија е една од првите земји што извлекува јаглерод од еродирано земјиште. Таа сади дрва и помага шумите да се регенерираат без мешање на човекот или животните. Со неодамна завршената програма на Светска банка за садење дрва, со 60% од албанските шуми сега управуваат локалните власти. Секоја заедница добива над 2.000 УСД од извлечениот јаглерод.Земјата ги продава намалувањата на емисиите на Фондот БиоКарбон на Светска банка – од јаглеродот зафатен со дрвјата што растат – во вредност од 11 милиони УСД. АЛБАНИЈА ТРКА СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Намалување на ранливоста на земјоделскиот сектор преку прилагодување: Повеќе од се, земјоделството е главен сегмент од животот на луѓето во Албанија — обезбедувајќи ја основата на приходи за поголем дел од приходите на најголем дел од населението и ја зголемува вработеноста. Сето тоа е под ризик поради промените на климата. Прилагодувањето е клучно за иднината, вклучувајќи: користење на пошумувањето и бариерите за заштита на земјоделското земјиште од ерозија на земјата; воведување наводнување капка по капка и модернизирање на постојните системи; садење автохтони видови што би биле отпорни на промените на климата; подобрување на управувањето со полињата и со почвата вклучувајќи и минимално орање и засекување на косините. Фокусирање на еколошките услуги: Новоодобрениот проект за еколошки услуги — како што се зафаќањето на јаглеродот, заштитата на вододелниците, снабдувањето со вода за генерирање електрична енергија, наводнување, пиење и санитарна вода — ќе се ги поддржи практиките за одржливо управување со земјиштето во високи рурални области подложни на ерозија и ќе помогне да се изгради отпорност (на приходите и на животот) во заедниците во тие области. 6 АЛБАНИЈА | 7 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОТПОРНОСТА И ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА Проект за развој на наводнувањето: Една петтина од работната сила на Босна и Херцеговина е вработена во земјоделството. Целта на овој проект е да ги подобри перформансите на системите за наводнување и да ги поддржи земјоделците. Тој се фокусира на високо приоритетни инвестиции насочени кон рехабилитација и модернизација на системите за наводнување. Најголемата досегашна инвестиција во наводнување во земјата ќе ги поддржи напорите за усогласување со политиките на Европската Унија за наводнување и за справување со прашањата на променливоста на климата. Заштита од поплави: Сè поголемата појава на екстремни дождови и поплави како резултат на менувањето на климата, исто така претставува ПРОЕКТ ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ОД ПОПЛАВИ ризик за земјоделството и за живеачката. Во мај Како одговор на поплавите во Босна и Херцеговина во Мај 2014 година, најлошата поплава во забележаната 2014 година, Групацијата Светска банка лансираше Проект историја на земјата направи проценети 15% штета за закрепнување од поплави со вредност од 100 милиони во националните приходи. Со него се уништија и УСД. Со проектот ќе се задоволат критичните потреби и ќе се животи и живеачка. Реките се излеаја, планините обнови функционалноста на инфраструктурата основна за еродираа, а катастрофа ја погоди земјата. јавните услуги и за економското заздравување — како што е Поплавата ги опустоши градовите и ги поплави руралниот развој, енергијата, транспортот, водоснабдувањето новоизораните полиња. Свлечиштата уништија и канализацијата. Но, исто толку важно е дека со проекциите патишта и друга витална инфраструктура. Луѓето за зголемени поплави како резултат на климатските промени, ги напуштија своите домови, барајќи сува земја и проектот ќе обезбеди техничка помош и градење капацитети засолниште. Тоа беше најава на она што претстои. за да се помогне да се изгради отпорност на катастрофи. 8 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА | 9 КОСОВО: ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА (КЕЕРЕП) Енергетската ефикасност и обновливата енергија можат да помогнат да се ублажи проектираниот недостиг на електрична енергија во Косово со истовремено подобрување на енергетската сигурност и на еколошката одржливост на Косово. Проектот КЕЕРЕП се фокусира на енергетската ефикасност, инвестициите во обновлива енергија во јавните згради како и политиките и регулативната поддршка за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Тоа е во согласност со владиниот Национален акционен план за енергетска ефикасност и обновлива енергија кој што КОСОВО пропишува кумулативни заштеди на енергија од 9% до 2018 година и цел за 25% обновлива енергија до 2020 година. ПОМИРУВАЊЕ НА РАСТЕЧКИТЕ ПОТРЕБИ ЗА ЕНЕРГИЈА СО АКЦИИТЕ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Еколошката проценка на земјата (ЕПЗ): ЕПЗ за Косово е аналитичка алатка на Светска банка која се користи за интегрирање на еколошките прашања во стратегиите, програмите и проектите за развојна помош. Тој е вредна алатка за справување со климатски промени. Еколошките приоритети на земјата за следните пет години се да се усогласи законодавството на Косово за животната средина со законодавството на ЕУ. Тоа ќе значи вклучување на еколошкото законодавство и методологии во сите сектори и поставување и проширување на институциите за спроведување на еколошките политики. Со ЕПЗ се поддржува планот на владата да се фокусира, меѓу другото и на следење на главните индустриски загадувачи и жешки точки, подобрување на пристапот до чиста вода, создавање програми за рециклирање на отпадните води и на цврстиот отпад и примена на енергетски ефикасни концепти во економските сектори. Вградување на енергетската ефикасност и на обновливата енергија во иднината на Косово: Во моментов, електроенергетскиот систем на Косово не може да ја задоволи побарувачката што е потребна за поттикнување на економскиот раст на земјата. Производството на електрична енергија се потпира на две стари, несигурни централи на лигнит, од кои едната треба да се исклучи во 2017 година. Тоа, заедно со неодржливото затоплување на зградите, главно од нерегулирано огревно дрво и електричната енергија базирана на лигнит, ниту е економично ниту пак еколошки одржливо. 10 КОСОВО | 11 ТРАСА КОН ЗЕЛЕН РАСТ Проценката за зелениот раст на земјата користи практичен пристап за утврдување на конкретните предизвици и можности со кои се соочува Македонија во градењето на нејзината иднина на зелен раст и ги презентира во форма корисна за донесувачите на одлуки. Извештајот се справува со ублажувањето, прилагодувањето и најдиректно со предизвикувачкото прашање на одржливоста на ресурсите, чистиот воздух. Во извештајот се сумира аналитичката работа преземена во секторите и за прашања избрани како критични за дефинирањето и разбирањето на патеката на зелениот раст на земјата со акцент на климатските акции. МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВАЈЌИ „ЗЕЛЕНА“ ИДНИНА Намалување на ранливоста на земјоделските системи на Македонија од климатските промени: „Намалете ја жештината“ забележува дека во Република Македонија климатските промени се директна и основна закана бидејќи земјоделството е една климатски најчувствителните сектори и животот на руралните заедници се под ризик. Во извештајот се наведува дека мора да постои јасен план за усогласување на земјоделските политики со климатските промени, за развој на капацитетите на клучните земјоделски институции и правење на потребните инвестиции во инфраструктурата, поддршка на услугите и на подобрувањата на фармите. Постигнување на зелен раст во Македонија: Програмата за аналитичка и советодавна поддршка на зелениот раст и климатските промени е лансирана во 2011 година со финансиска поддршка од Светска банка и од владите на Норвешка и на Шведска. 12 МАКЕДОНИЈА | 13 ЦРНА ГОРА: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ МЕЕП инвестира во реновирање на 28 училишта и болници со кое ќе се заштеди енергија. Ги изолира покривите и зградите и ги надградува системите, потстаниците и мрежите за затоплување. Објектите за реновирање беа избрани врз основа на нивниот потенцијал за заштеда на енергија, географската дистрибуција, бројот на корисници и социјалното и демографското влијание. Досега се обновени осум училишта, студентски дом и шест болници. Заштедите на топлинска енергија се движат помеѓу 30 и 60%. ЦРНА ГОРА ФОКУСИРАЊЕ НА ЗЕЛЕН И ОТПОРЕН РАСТ Проектот за управување и чистење на индустрискиот отпад ќе помогне да се заштитат природните ресурси на Црна Гора и да се намалат ризиците по јавното здравје од изложеност на одредени места за депонирање на индустриски отпад кои имаат значителни еколошки влијанија. Чистењето на местата каде се депонирал индустриски отпад и одржливото управување со отпадот се клучни основни принципи на идниот економски раст во туристичкиот сектор на Црна Гора. Партнерството помеѓу Владата на Црна Гора и Светска банка, во овој проект, ќе и помогне на Црна Гора да се справи со некои од најкритичните еколошки жешки точки во земјата. Петгодишниот проект вреден 50 милиони УСД почна во ноември 2014 година. Проект за енергетска ефикасност: Студиите во средината на првата деценија од овој век утврдија дека потрошувачката на енергија во Црна Гора била многу висока, а свесноста на начините за постигнување енергетска ефикасност била ниска споредено со трендовите и практиките во земјите на Европската Унија. Владата го разви Планот за енергетска ефикасност на Црна Гора (МЕЕП) за периодот 2008 – 2012 со што се поддржаа програмите за енергетска ефикасност во сите економски сектори. Како дополнување на тоа, Министерството за образование и Министерството за здравство почнаа програми за подобрување на енергетската ефикасност во јавните објекти, односно училиштата и болниците. 14 ЦРНА ГОРА | 15 СРБИЈА: ПРОЕКТ ЗА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ПО ПОПЛАВИТЕ Со проектот за заем за закрепнување по поплавите вреден 300 милиони УСД се поддржува земјата во исполнувањето на критичните потреби во електроенергетскиот и во земјоделскиот сектор, во поправањето на оштетената инфраструктура за контрола на поплавите и и помага на Србија подобро да одговори на природните катастрофи. Конкретно, оваа операција помогна да се затвори финансискиот јаз за набавка на енергија за да се осигури електрична енергија за зимата 2014 година. Со неа ќе се помогне закрепнувањето и зајакнувањето на критичната СРБИЈА инфраструктура во електроенергетскиот сектор и ќе се финансираат инвестициите во енергетска ефикасност. Во земјоделскиот сектор, проектот ќе им обезбеди на фармерите од погодените области, сигурност на приходите потребна да инвестираат во нивните фарми. Проектот ќе помогне и КОНТРОЛА НА ПОПЛАВИТЕ, да се подобри отпорноста на катастрофи преку поправка на критична инфраструктура за превенција на поплави. НАВОДНУВАЊЕ И ОДВОДНУВАЊЕ Проект за рехабилитација на наводнувањето и одводнувањето: По деценија на сè помали буџети за одржување во деведесеттите години од ХХ век, се влоши состојбата на инфраструктурата за контрола на поплавите и за одводнување во Србија. Овој неодамна завршен проект ја поддржа приоритетната рехабилитација на инфраструктурата за наводнување и одводнување. Проектот помогна да се намали ризикот од оштетување од поплави на луѓето, земјата, земјоделските култури, имотот и инфраструктурата и помогна да се подобри управувањето со водните ресурси во Србија. Рехабилитирани се вкупно 45 системи за контрола на поплави и за одводнување со над 440.000 хектари низ целата земја заштитени од поплави, обезбедувајќи повисоко ниво на заштита на над еден милион луѓе. Формирани се над 20 здруженија на корисници на вода, а рехабилитирани се два системи за наводнување. Контрола на поплавите: Незабележаните врнежи во мај 2014 предизвикаа масивни поплави во Србија како и во други земји од Западен Балкан. Големите врнежи доведоа до брз пораст на нивото на водата во осум од најголемите реки во земјата. Поплавите уништија куќи, мостови и делници од патишта. Катастрофата одзема човечки животи, предизвика масовна евакуација од домовите на луѓето во поплавите погодени со поплавите и предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија на илјадници домаќинства. Тоа е знак што не чека во иднината со климатски промени 16 СРБИЈА | 17 „Нашиот одговор на предизвикот на климатските промени ќе го дефинира наследството на нашата генерација. Влоговите никогаш не биле поголеми.“ Д-р Џим Јонг Ким, претседател на Групацијата Светска банка